Промоција на стихозбирката „По стапките на Карпош“ вo Занаетчискиот дом

22.06.2023 08:15 | Оливера Пешевска

Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на збирката песни „По стапките на Карпош“.

Промоција на стихозбирката „По стапките на Карпош“ вo Занаетчискиот дом

Промоцијата е завршен настан на истоимен проект, кој досега имал неколку активности во организација на Градската билбиотека Тане Георгиевски од Куманово.

 Песните во стихозбирката се изберени на награден конкурс, на кој можеле да учествуваат млади, талентирани писатели и поети до 30 годишна возраст.
 
„Целта на овој проект беше да се поттикнат младите да истражуваат за нашиот народен херој Христијан Тодоровски Карпош, да се запознаат со историјата на Куманово и тоа креативно да го изразат“, изјави Христина Алексовска, директорка на Кумановската библиотека.

 На промоцијата ќе бидат прогласени најдобрите ликовни и литературни творби, а ќе биде прикажан и документарен филм  од учениците на „Христијан Карпош“ од населбата Перо Чичо.

  Проектот „По стапките на Карпош“ го спроведе Библиотеката „Тане Георгиевски“ со поддршка на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk