Промоција на три книги од кумановски автори

25.06.2015 09:11 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, ќе бидат промовирани три книги од авторите Јасминка Наумовска и Горан Стевчевски-Џина.

Промоција на три книги од кумановски автори

Се работи за книгите “Огниште исткаено од сонови“ и “Синиот звук на љубовта“ на Наумовска, и “Есенција на вербата“ од Стевчевски.

“Тоа е психолошка проза за човековото егзистенцијално функционирање. Во “Синиот звук на љубовта“ пишувам дека се повеќе луѓе функционираат врз основа на страст, а  не врз основа на љубов и тој процент секојдневно расте, што е алармантно. Колку се поголеми очекувањата, толку се поголеми и разочарувањата во љубовта. Ќе зборуваме за тоа што е љубов, а што заљубеност. Сите заинтересирани можат да дојдат, ќе слушнат убави работи“ - вели Наумовска.

Двајцата автори и се познати на кумановската јавност, и досега неколкупати во Куманово ги промовирале своите дела.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk