Промоција на видео записот од Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2021“

09.11.2021 11:24 | Сузана Николиќ

Во Младинскиот културен центар во Куманово, вечерва во 19.30 часот, ќе се одржи промоција на видео записот од Вториот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2021“

Промоција на видео записот од Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово 2021“

Промоцијата ја организира КУД панче Пешев и МКЦ Козјак, а по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.

Промоцијата се одржува под покровителство на Градоначалникот и Совето на општина Куманово и Министерството за култура.

Фолклорниот фестивал се одржа во август годинава, а љубителите на фолклорот имаа можност три вечери да уживаат во музиката и игрите на ансамблите и културно-уметничките друштва од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Бугарија. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk