Промоција на видео записот од Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово

07.11.2022 15:45 | Сузана Николиќ

По повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово, утре во салата на Младинскиот културен центар „Козјак“ во Куманово ќе се одржи промоција на видео записот од третото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“. 

Промоција на видео записот од Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово

Почетокот е во 19.30 часот, а влезот е слободен.

Годинава фестивалот се одржа од 19 до 22 јули, а учествуваа 10 фолклорни друштва од Мексико, Полска, Србија и Бугарија, како и ансамбли од Скопје, Кратово и Куманово.

Промоцијата е дел од активностите на Ноемвриски денови, кои се под покровителстви на Општина Куманово и на Министерството за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk