Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре во 20 часот ќе се одржи промоција на збирката поезија „Дождови“ од нашата сограѓанка Сузана Божиновска.
Промотор на збирката е Христина Алексовска, музички гостин Ерди Шахини и водител Ана Љубиќ.
Сузана Божиновска е родена во Куманово, каде и денес работи и живее.
Нејзината поезијата изобилува од експресивни поетски слики со одмерено нијансиран дискурс. На еден суптилен, префинет па на моменти и нежен начин капките дожд паѓаат по „Надеж“, „Чекање“, „Прашање“, „Виножито“ ...
Поетскиот поглед плени низ стиховите, овозможувајќи внатрешно, емотивно ослободување од секојдневните стегите „Тешко е“, „Можеш“, „Чекање“, „Копнеж“, „Дождот“ ...
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk