Промоција на збирката песни „И пад је лет“ од Ана Љубиќ

21.01.2025 13:11 | KumanovoNews

Во фоајето на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре/среда/  во 19.30 часот ќе се одржи промоција на збирка песни и цитати под наслов „И пад је лет“ од младата авторка Ана Љубиќ од Куманово.

Промоција на збирката песни „И пад је лет“ од Ана Љубиќ

„Ова се песни со порака, без наслов, стихови во кои ќе се пронајдете. Зборовите оставаат белег, белегот е преточен во вечен спомен, не е крај, затоа и падот е лет како мотивација дека нешто ново и поинакво не очекува“, вели авторката.

Промотори на книгата ќе бидат Гордана Јовиќ-Стојковска и Љиљана Тричковиќ.

Ана Љубиќ е родена на 21.06.2000 год во Куманово. Пишува од петто одделение а првите почетоци ги има во Друштво на писатели во Куманово. Во 2018 година ја објавува својата прва книга “Ловец на соништа”. Средно училиште завршува во ОСТУ „Наце Буѓони” во Куманово и своето образование го продолжува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата македонска книжевност. Учествува активно на литературни конкурси, пишува поезија за возрасни и деца. Награда која посебно ја издвојува е прво место, златна плакета за детска песничка “Сон” на фестиваолот Стихувалки. Во 2023 го објавува своето второ дело, новела „Што ми остана од тебе”. Паралелно пишува на српски и македонски јазик со желба да остави траг во македонската и српската книжевност. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk