Промовиран алманахот “Поетски чекорења„

14.05.2013 08:05 | KumanovoNews

 Друштвото на писатели Куманово, синоќа го промовираше третиот по ред алманах “Поетски чекорења“.

Промовиран алманахот “Поетски чекорења„

Збирката содржи песни од повеќе кумановски автори и гости.

Секој поет има по девет песни и по една страница биографија. Има препев на влашки, албански, ромски и српски. Тоа се автори кои имаат збирки поезија и во други жанрови творат. Имаме гости од Бугарија, Елена Алекова, многу е позната во Софија, пишува литература од повеќе жанрови. Има родољубива поезија, хаику поезија - вели Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.

 Свои песни пред публиката прочитаа Дарка Ѓорѓиевска, Аго Хаурдиќ, Верица Петровска, Душка Гиевска,  Катерина Димитриевска-Арсеновска,  Светлана Цветковска, Виктор Јефтимов, Силвана Бојовска- Шиповиќ, Јаготка Томовска и други автори.

Овој алманах е мултиетнички, а писателите веќе го подготвуваат четвртиот број на алманахот кој ќе излезе догодина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk