Промовиран електронскиот зборник “Симбиоза на планетата“

13.11.2014 15:56 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска беше промовиран првиот меѓународен електронски зборник на проза и поезија насловен како “Симбиоза на планетата“.

Промовиран електронскиот зборник “Симбиоза на планетата“

Зборникот е проект на Клуб на книжевни творци “Симбиоза“ и претставува културен подарок за Куманово и кумановци, по повод Денот на ослободувањето на градот. Тој е ставен на цд и содржи над сто творби од поети од земјава и странство.

“Беше навистина тешко да се направи овој зборник, бидејќи немавме помош од страна, го издадовме со сопствени средства. На конкурсот пристигнаа творби од 59 поети од Македонија, Канада, САД, Франција, Германија, Австрија, Србија, Бугарија, БИХ, Хрватска и за најдобрите има награди“ - рече Верица Петровска, претседател на ККТ“Симбиоза“.

Наградени имаше во категории поезија, проза и афоризми.

„Многу сум задоволна, среќа и благодарна. Поезијата е тоа што не спојува, што не врзува. Убавиот, пишаниот збор кој останува вечен. Пишувам уште од школски години. Работам и живеам  во Германија, а творам на македонски јазик. Специјално за конкурсот дојдов и за да промовирам две книги во Велес“- изјави Соња Гурчак, наградена за најкратка песна и 3 место за афоризми.

Примероци од електронската книга ќе бидат дистрибуирани во кумановската библиотека “Тане Георгиевски“ и Универзитетската библиотека во Скопје за да биде достапна за читателите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk