Промовиран етно документарниот филм „Марков бунар“

14.11.2015 10:58 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше промовиран етно документарниот филм „Марков бунар“ на Валентина Илиевска, кустос етнолог во Музеј Куманово.

Промовиран етно документарниот филм „Марков бунар“

Овој филм е снимен на 8 мај во населбата Проевце и во него се прикажани обичаите за празникот Свети Марко, кои верниците ги практикуваат. Филмот побуди интерес кај кумановската јавност.

Се додека имаме вакви информатори кои ја даваат содржината на филмот, и оние со кои претходно соработувавме, ќе продолжиме да ја продлабочуваме духовната култура и да градиме специфична културна ризница на нашето поднебје - рече авторката.

Директорката на Музеј Куманво, Анита Цветановска вели дека филмот ќе ја сочува духовната култура на народот, која ќе биде пренесена на идните генерации.

Филмот “Макров бунар“ во Битола на фестивалот „Камера 300“  освои сребрена плакета во конкуренција на  52 филма од 11 земји.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а филмот ќе се прикажува и на други фестивали.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk