Промовиран етнолошкиот филм “Албатинот раскажува“

27.09.2014 11:39 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа беше промовиран етнолошкиот филм “Албатинот раскажува“ на авторката Валентина Илиевска, кустос - етнолог од Музејот Куманово.

Промовиран етнолошкиот филм “Албатинот раскажува“

“Албатинот раскажува“ е снимен во селата од шопско - полјанската област во кумановско во  јули годинава и ја прикажува работата на Светозар Додевски, алабатин од село Врачовце.

“Етнолошко - документарниот филм го прикажува занаетот во изумирање, но истовремено ја прикажува социјалната страна, народното творештво, умешноста на занаетчија, длабочината на различните слоеви кои се испреплетуваат, а кои гледачите самите можат да ги препознаат"- објаснува  Илиевска.

Промоторот Владимир Боцев истакна дека во етнолошкиот филм е важно да се прикаже процес, но и човекот кој се занимава со тој занает, што тој мисли, како тоа влијае на неговиот живот.

“Авторката со овој филм настапува сама што е моше важно за нас етнолозите, затоа што чуствуваме слобода да ја изразиме нашата гледна точка како етнолози, што ја прави разликата меѓу документарниот и етнолошкиот филм„- кажа Боцев.

Филмот е поддржан од Министерството за култура, а е во продукција на кумановскиот музеј.

„Освен што ќе биде прикажан во земјава, филмот ќе биде прикажан и на фестивали во странство„- вели Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.

„Албатинот раскажува“ ќе биде прикажан на фестивалот на етнолошки филмови во Кратово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk