Промовиран филмот Испрекината црта

18.01.2010 09:29 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура во Куманово се одржа промоција на документарниот филм Испрекината црта на Ненад Вукосављевиќ. Во него се прикажани причините и последиците  од вооружениот конфликт во Македонија во 2001 година.

 

Промовиран филмот Испрекината црта

- Филмот треба да претставува пример за луѓето како полесно да се соочат со проблемите, а не да ги остават на страна. Треба да се најде начин да се зборува за сите тешки и болни теми. За разлика од луѓето во Босна и херцеговина во Македонија се забележува поголем страв кога се зборува за војна со што мене тоа ми е и потврда дека е важно да се зборува и да се реши овој проблем - вели авторот Ненад Вукосављевиќ од  Белград. За случувањата во кумановско-липковскиот регион зборува нашиот сограѓанин Драган Петрушевски Бинго. Филмот е во продукција на Центарот за ненасилна акција Белград-Сараево, а е подржан од страна на Министерството за надворешни работи на Швајцарија и Министерство за меѓународна соработка и развој-СР Германија. Најголемата заслуга за негова реализација ја имаат луѓето од Македонија кои директно учествувале во воените случувања и ги почувствувле последиците од војната.

                                                                                                           И.И.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk