Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со промоција на „Музејски водич за деца“ во Музеј Куманово, денеска беше одбележан 18 Мај - Меѓународен ден на музеите.
Водичот содржи 50-тина страници, со текст и фотографии кои ја објаснуваат постојаната музејска поставка, наменет за деца од училишна возраст. Го изработи Мери Николиќ, историчар на уметност, а покрај на македонскиот преведен е и на албански јазик.
На промоцијата на водичот присуствуваа ученици од неколку основни училишта, кои се запознаа со движното и недвижносто културно наследство на Куманово.
Настанот беше одржан во лапидариумот на музејот согласно сите здравствени протоколи пропишани од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
По повод Денот на музеите, интернационалната организација ИКОМ додели признанија за 2019 и 2020 година на Гоце Ј. Божурски и Славица Крстиќ за работник на годината, и историчарот Марија Живачки за проектот „Куќа-музеј на Христијан Тодоровски - Карпош“ кој е прогласен за музеј на годината.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk