Промовиран проектот “И книгата вели - исти сме“

17.02.2014 09:41 | KumanovoNews

Во основото училиште “11 Октомври“, учениците го промовираа проектот “И книгата вели - исти сме“ во рамки на кој беа организирани повеќе активности.

Промовиран проектот “И книгата вели - исти сме“

Оваа учебна година во периодот од ноември до февруари 95 ученици, 5 наставници и 50 родители го третираа проблемот за интересот за книгата, зголемување на самодовербата преку добиените факти од истражувачките постапки. Акцентот беше ставен на учениците од ромска националност и имаше истражување за животот, културата, јазикот, знаменитостите, историјата и професиите на Ромите под наслов “Дали знаевте дека“.

Ова е проект од мали училишни иницијативи за интеркултурни активности од програмата за образование на Роми. Низ целиот тримесечен период имавме многу активности така што заедно учениците, наставниците и родителите направија истражувачки активности, има цртежи, презентации, изработени полици - рече Мерилин  Стојчевска, директорка на „11 Октомври“.

Учениците имаа за задача да пронајдат дискриминација во книгите “Белото циганче“, “Чорбаџи Теодос“ и да ги воочат суштинските животни вредности во книгата “Рибарот и рипката“.

Проектот е финансиран од УСАИД и Фондација отворено општество Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk