Промовиран туристичкиот водич од “Наце Буѓони“

12.12.2015 12:28 | KumanovoNews

 Во средното техничко училиште “Коле Неделковски“ во Велес деновиве беше промовиран туристичкиот водич, кој заедно го изработија учениците од “Наце Буѓони“ и “Коле Неделковски“.


Промовиран туристичкиот водич од “Наце Буѓони“

Овој водич е направен во рамки на проектот “Градиме мостови“, а истиот е на македонски, албански, англиски јазик и ги презентира убавините на Велес и Куманово.

“Учениците за период од три месеци ги искористија прошетките низ Куманово и Велес, за да направат фотографии за културно-историските споменици од двата града, да истражуваат на интернет за културата и традицијата, обичаите на македонскиот, албанскиот, турскиот,  ромскиот, бошњачкиот и влашкиот народ. Разговараа со своите родители, наставници, баби и дедовци за повеќе да научат и да го запишат сето тоа во овој туристички водич“-рече Наим Мисини, координатор на проектот од “Наце Буѓони“.

За реализација на водичот, учениците посетија цркви и џамии, а воедно благодарност за поддршката изразуваат на ОБСЕ и Швајцарската амбасада.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk