Промовирана „Античката филозофија и нејзиното влијание“

23.04.2015 14:18 | KumanovoNews

Во Грдската библиотека “Тане Георгиевски“ денеска беше промовирана едицијата „Античката филозофија и нејзиното влијание“, од авторот Витомир Митевски.

Промовирана „Античката филозофија и нејзиното влијание“

Се работи за едиција од девет книги во која авторот пишува за Сократ, Платон, Аристотел. Митевски ја истражува и епската поезија за да докаже дека нашата поезија има заеднички врски со неа.

Настојувам да докажам дека античката филозофија не е нешто што живеело само во антиката, туку влијаела и на подоцнешните периоди и во Византија и во последниот век на Запад, и во нашето време денеска. Има денеска европски филозофи кои создаваат под длабоко влијание на античката филозофија. Покажувам дека и нашата македонска култура е под големо влијание на античката мисла - кажа авторот.

Промоторот Весна Томовска вели дека книгите се монографски, посветени на одредени периоди и филозофи.

Четири од тие книги се посветени на влијанието на автори после антиката. Автори од Византија, западното средновековие, и западното нововековие. Последната книга која ја очекуваме е посветена на античката филозофија и словенскиот свет. Со ова ќе биде заокружена античката филозофија во еден голем развоен период - рече Томовска.

Оваа промоција е дел од кампањата “Да“ за книгата на „Матица Македонска“. Промоцијата ја следеа голем број граѓани. Инаку академик Митевски потекнува од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk