Промовирана книгата “Антика во североисточна Македонија“

26.03.2014 13:55 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска беше промовирана книгата “Антика во североисточна Македонија“ од авторот Звонимир Николовски.

Промовирана книгата “Антика во североисточна Македонија“

Книгата содржи информации за природно - географските карактеристики на североисточниот дел, кумановската, кривопаланечката, кочанската, кратовско - злетовската област, за духовната култура, стопанството, патиштата во овој регион. Делото опфаќа голем број населби и утврдувања во селата Клечовце, Бајловце, Градиште, Доброшане, Лопате, Пелинце, Макреш, Мургаш, Руѓинце, Челопек и многу други места.

Тој ги презентира и анализира античните патни комуникации и поважните крајпатни објекти, старите градови и тврдини. Потоа ги анализира рудните лежишта во однос на градските и селските населби во регионите. Ги проучува и ги претставува градовите, тврдините и култните места - пишува Виктор Лилчиќ, директор на Управа за заштита на културното наследство  за делото.

Книгата има бројни илустрации, карти, фотографии со што целосно ги презентира археолошките локалитети.

 Ова е преработена докторска дисертација, прилагодена е и направена една примамлива синтеза, материјал кој може да биде допадлив како стручна литература која може да ја разбере и одличен читател. Посебно оние кои се љубители на историјата, на археологијата и историја на уметност - вели авторот.

Ова подрачје изобилувало со природни богатства, поволна клима и било населено уште од праисторискиот период.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk