Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ денеска беше промовирана книгата за деца “И строфите растат“ од Александар Кујунџиски.
Оваа книга лани ја доби книжевната награда “Ванчо Николески“ која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.
По многу години промовирам своја книга во Куманово. Ова е мојата јубилејна 110 книга во која од песни со една строфа стигнувам до песни со 15 строфи. Тоа е една интересна концепција, верувам дека и содржински ќе биде привлечна за децата од 2 до 7 одделение - рече Кујунџиски.
Во книгата тој пишува за детството, растителниот и животинскиот свет, за темите кои децата ги засегаат.
Практикува стил кој лесно е разбирлив за децата без некој посебен „напластен багаж„ што не е за таа возраст. Зборови кои се речити и практично го прошируваат речникот на децата како читатели. Неговото творештво ја држи таа фреквенција на интересот на децата како читатели - кажа промоторот Мито Спасевски.
На промоцијата присуствуваа ученици од основното училиште “Христијан Карпош“ кои се претставија со свои творби.
Александар Кујунџиски е роден е во Пехчево, на 1 октомври 1946 година. Основното училиште го завршил во 1961 година, а потоа се запишал во гимназијата „Ацо Русковски“, во Берово, каде завршил две години. Во 1963 година, неговото семејство се преселило во Куманово и тој го продолжил школувањето во гимназијата „Гоце Делчев“, а потоа студирал во Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk