Промовирана книгата „Ромите во Европа“

23.12.2015 14:29 | KumanovoNews

Во Градската библиотека „Тане Георгиевски“  денеска беше промовирана книгата „Ромите во Европа“ од Рамо Рушидовски.

Промовирана книгата „Ромите во Европа“

Се работи за научен труд, второ продолжение кое зборува за ромската популација во Европа.

Книгата е за историјата на Ромите, нивните вредности, од доселувањето во Европа па се до денес. Издадена е по повод 10 години постоење на Националниот ромски центар од Куманово - рекоа од библиотеката.

Книгата ја промовираше Ашмет Османовски, советник во Советот на општина Куманово,  а извадоци од книгата читаше актерката Кети Дончевска Илиќ. Авторот Рамо Рушидовски е ромски интелектуалец, активист за правата на Ромите во поранешна Југославија и Македонија, наставник по историја и географија и професионален преведувач по германски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk