Промовирана книгата за манастирот Света Петка

18.12.2014 08:49 | KumanovoNews

Промовирана е книгата за манастирот Света Петка во кумановскското село Габреш, од авторот Игор Донев од Куманово.

Промовирана книгата за манастирот Света Петка

Овој манастир датира од 16 век, а во последните 20 години е обновен. Тој има трпезарии и конаци во кои можат да се сместат 50 гости. Кај авторот идејата за оваа книга се родила од пред три години, а книгата ја напишал за месец дена.

„ Нашиот народ мисли дека е една Света Петка. Всушност тоа се три лика, кои живееле и твореле во три различни времиња. Целта на оваа монографија е да се запознае обичниот човек со Света Петка, а втората цел е Мајка Стоја, жената која е присутна тука и која го има изградено се она што може да се види“- изјави Донев.

Донев ги кани сите кумановци кои не биле да го посетат манастирот Света Петка во Габреш.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk