Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на пензионери Куманово денеска ја промовираше монографијата “20 години пензионерско спортување“.
Автор е Татјана Антиќ, а во оваа монографија се сумирани спортските успеси на пензионерите во еден подолг период.
Ова е втора монографија за 10 години и го опфаќа периодот од 2005 до 2015 година. Во монографијата се наоѓаат сите спортски успеси на пензионерите, достигања, придонеси - рече Спирко Николовски, претседател на Здружението на пензионери Куманово.
На сите пензионери кои имаат завидни спортски резултати им беа доделени благодарници, а на промоцијата присуствуваше градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk