Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев", синоќа беа промовирани книгите "Основни методи за свирење на тромбон" од Филип Стевановски, "Менаџмент информациони системи, Математика за менаџери и информатичари" од Маријан Стевановски, и "Деловна информатика, Финансиски менаџмент, Менаџерско сметководство и Основи на менаџментот" од Маријан и Кристина Стевановски.
Ова е мој прв учебник кој ги опфаќа основите за свирење на тромбон и зборува за мудроста, поетичноста и грационозноста, предизвикана со звукот на инструментот и пренесува енергија која како континуиран импулс поминува низ сите фази, создавајќи една целосна музичка перспектива-изјави Филип Стевановски.
Менаџирањето со финансиите е една од круцијалните подрачја во процесот на менаџирање, каде ги обработуваме сите релевантни и фундаментални компоненти кои го сочинуваат овој процес и примена на истите во современите компаниски средини. Учебникот е наменет за широка употреба од страна на студенти и менаџери без оглед дали се на почетокот на својата кариера или имаат постигнато деловни успеси-изјави авторот Кристина Стевановска.
Промоцијата ја отвориактерот Илија Волчевски и Филип Стевановски Бенд.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk