Промовирана веб-страница „Стоп педофилија“

13.01.2012 14:42 | KumanovoNews

 Веб-страницата www.stop-pedofilija.org.mk, содржи информации како да се препознае педофил, кој може да биде жртва на сексуална злоупотреба и каде децата да се обратат за помош.

Промовирана веб-страница „Стоп педофилија“

„Секој почеток е тежок. Скрши ја тишината. Побарај помош. Помогни им на другите“ е мото на интернет-страницата.

Нејзина примарна цел е подигнување на јавната свест, но и мотиворање на децата кои веќе биле изложени на сексуална злоупотреба и педофилија како тоа да го пријават... Децата најчесто кријат дека се сексуално злоупотребени, но тишината треба да биде скршена. Тие ќе може да ја пријават секоја злоупотреба зашто ефикасноста е во превенцијата, пред децата да бидат повредени, рече министерот Спиро Ристовски на промоцијата на веб-страницата.

Во соработка со Министерството за образование,  Црвениот крст и Министерството за труд ќе спроведуваат и едукативни работилници во 126 основни и средни училишта.

Во 2011 година имало меѓу 65 и 70 деца-жртви на педофили, што е за околу 50 отсто повеќе во однос на 2010 кога биле регистрирани 47. Едно од пет деца во Европа е жртва на некој облик на секусално насилство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk