Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Два проекти за рурален развој на североистичниот регион денеска беа промовирани во Куманово.
Преку првиот проект ќе се работи на платформа за регионална рурална акција во североисточниот плански регион, а вториот е проект за воспоставување на нови бизниси во мултиетнички средини и мали бизниси во рурални средини.
Ние ќе со обидеме да направиме низа проекти кои се од големо значење на руралната средина, како што е нашиот локалитет Бислим, а ќе има други идеи за Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане и Липково. Ќе се трудиме сите да ги издигнеме на едно повисико ниво, да ги направиме да имаат регионално значење, и да се надеваме дека по завршувањето на овој проект за 9 месеци ќе имаме голем дел на проектни идеи со кои ќе можеме да аплицираме и да ги реализираме„- вели Младен Протиќ, директор на Центарот за развојот на северо-источниот плански регион.
Целта на Платформата е континуирано да идентификува, координира и да нуди решенија за економските проблеми во руралните подрачја на северо-источниот регион и да развива одржлив систем меѓу јавниот, невладиниот и приватниот сектор.Проектот е подржан од Министерството за локална самоуправа и и УНДП.
Вториот проект се однесува за нови бизниси на двата рурални мултиетнички региони, полошкиот и североисточниот. Проектот е двегодишен и треба да пружи поддршка на бизниси кои се сопственост на млади луѓе и жени од руралните средини за отпочнување на бизниси, како и помош со советодавни услуги, маркетинг на производите и услугите, промоција и продажба на пазарот.
И двата проекти се многу значајни на нашиот регион, бидејќи ние сме еден од најнеразвиените региони во државата и 85 проценти од населените места се рурални. Оваа платформа дава шанса за потикнување на економскиот развој, а вториот проект кој е финсиран од Владата на Велика Британија се однесува на отпочнување на бизнис на маргинализираните групи, тоа се младите и жените. Се работи за мали бизниси, кои ќе ја поправат економнската состојба во семејствата и општеството, - изјави претседателот на североисточниот регион, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.
На промоцијата на проектите присуствуваше и министерот за локална самоуправа Лирим Шабани.
Главна цел на бизнис канцеларијата е вмрежување на сите субјекти во состав на самата општина, било да се тоа невладини организации и други субјекти, да обезбедиме размена на информации и да обезбедиме информации за евентуалните или потенцијални инвеститори надвор од земјата.Тоа ќе биде посебна канцеларија, но во исто време ќе биде продолжена рака на Центарот за развој на североисточниот регион, - изјави министерот Шабани.
Претставница на УНДП и амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет, присуствуваа на промоција и даваат подршка на проектите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk