Промовирани две книги на Стефан Симиќ

26.06.2014 06:56 | KumanovoNews

Младиот српски писател Стефан Симиќ, синоќа во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, промовираше две книги.

Промовирани две книги на Стефан Симиќ

Пред публиката ги претстави книгите “Одгласувања на човечкото„ и „Пуштете не“ за кои вели дека се дела со љубовни, човечки приказни, со психолошки, социолошки и филозофски елементи. Симиќ вели дека е присутен на интернет со што привлекол голем број читатели, а неговиот стил на пишување е лесно разбирлив и  своите емоции ги изразува преку кратки раскази.

- Книгите ги препорачувам на секој човек, бидејќи на овој свет му недостига човечност и вистински луѓе. Тоа е поентата на се. Да се разбуди човечкото во човекот. Луѓето овде знаат за мојата литература, но Македонија не е само еден град. Промоциите се многу интересни бидејќи има и стенд ап, малку зборувам, малку разговарам со публиката за да биде интерактивно - вели Симиќ.

Тој книгите ги промовираше во Скопје, а денеска промоција ќе има и во Битола.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk