Промовирани владините проекти за млади

05.02.2016 10:18 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од општински комитет Куманово, ги презентираше владините мерки, кои се насочени кон подобрување на животот на младите луѓе.

Промовирани владините проекти за млади

Беа презентирани 10 владини проекти како „Купи куќа за млади“, бесплатни патувања за најдобрите студенти во европските метрополи, „Македонија вработува“, бесплатните обуки за компјутери и англиски и низа други бенефиции.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира масовно настани во целата  Македонија како трибини, одредени настани со делење на флаери, со цел овие мерки да бидат дополнително објаснети на сите во Република Македонија. Многу атрактивна мерка е проектот „Купи куќа за млади“. Исто така би сакал да напоменам дека многу скоро ќе бидат промовирани дополнителни мерки за млади - кажа Дарко Костовски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Костовски вели дека младите голем интерес покажале за користење на бесплатниот железнички превоз, проект кој и понатаму ќе продолжи да се реализира.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk