Промовиранo „31 правило за подобар живот„

29.04.2010 07:43 | KumanovoNews

 Kнигата „31 правило за подобар живот„ од авторката Јована Огненовска беше промовирана пред кумановската публика.

Промовиранo „31 правило за подобар живот„

 Јас сум психолог по професија и знам дека луѓето неможат секогаш да си дозволат помош од стручно лице. Затоа дојдов на идеја да направам нешто што ќе биде од корист на оние што им е неопходен совет. Бев инспирирана од животот и делото на Тоше Проески, мој долгогодишен пријател кој имаше специфичен начин на гледање на работите. Но сепак книгата ја напишав во исклучително тешки моменти од мојот живот. Со нејзиното настанување се случи чудо. Книгата прво мене многу ми помогна да излезам од дното на кое се наоѓав, а потоа и да продолжам да се искачувам по скалите на животот-рече Јована Огненовска.

 Авторка вели дека не секогаш ги применува правилата што самата ги патентирала, но смета дека доблест е да се признаат грешите, бидејќи животот не секогаш се движи во вистинска насока. Затоа препорачува луѓето да ја имаат книгата при рака за да ги потсети на грешките што ги прават.

Средствата што ќе бидат собрани од продажбата на книгите ќе бидат донирани за децата со посебни потреби од Крушево.

 На Јована Огненовска ова и трета автобиографска книга. Првата е „Скок во сингл живот со отворени очи„ и „Како до фантастичен сингл живот„.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk