Промовирано списанието “Од другарче за другарче“

30.05.2013 14:05 | KumanovoNews

Во ОУ “Браќа Миладиновци“ денеска е промовирано списанието “Од другарче за другарче“, како завршница на тримесечен проект.

Промовирано списанието “Од другарче за другарче“

Ова е завршен дел од мултикултурните активности. Беа организирани работилници, учествуваа поголем број ученици, повеќе од 150 ученици. Децата научија нешто повеќе за себе, да ја слават различноста - вели Славица Клековска, дефектолог во училиштето.

Проектот ќе придонесе за создавање на клима без предрасуди. Децата имале можност да посетат домаќинство во Старо Нагоричане, посетиле ромска куќа во Средорек, џамија, како и манастирот во Крива Паланка.

 Во Старо Нагоричане посетивме една баба која ни ги раскажа обичаите како се слави Ѓурѓовден и Велигден. Го посетивме манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Бевме и во ромската населба Средорек - рече Милош Јовановиќ, ученик во седмо одделение.

Проектот е поддржан од Програмата за образование на Роми на УСАИД и ФООМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk