Пронајден мртов кумановецот кој беше пријавен за исчезнат

14.04.2021 12:46 | KumanovoNews

Стојадин Марковски (67) од населбата Карпош, кој беше пријавен за исчезнат, вчера е пронајден мртов.  Го пронашол Д.С. додека извршувал земјоделски работи на нива во нас.Карпош. 

Пронајден мртов кумановецот кој беше пријавен за исчезнат

Од страна на лекар било утврдено дека на телото на починатиот нема траги на насилство, а по преземени мерки било констатирано дека дека се работи за С.М.(67) од Куманово, кој на 15.02.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.

Исчезнувањето на Стојадин Марковски беше објавено и на страната на МВР.

Марковски вечерта кога исчезнал излегол да чисти снег пред куќата и повеќе не се вратил. Бидејќи не успеале да го најдат негови блиски, утредента случајот го пријавиле во полиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk