Пронајдена дрога и поголем износ пари, приведени три лица

10.07.2023 11:08 | Оливера Пешевска

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Куманово лишиле од слобода  тројца кумановци на возраст од 29, 42 и 24 години.

Пронајдена дрога и поголем износ пари, приведени три лица

„При претреси на повеќе локации во градот, во домови и други простории што ги користат лишените, извршени со судска наредба, кај нив биле пронајдени хероин, амфетамини, таблетки екстази, пари во износ од 28.000 евра во различни валути, нотарски договори и други предмети поврзани со различни кривични дела“, соопшти МВР.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk