Пронајдена исчезнатата жена од Ново Село

25.01.2016 10:05 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден е пронајдена исчезнатата жена од Ново Село.

Пронајдена исчезнатата жена од Ново Село

Полицијата ја пронашла С.С.(33) и ја вратила дома. Нејзината сестра Б.Д.(36) од кумановското село Романовце, во саботата околу 19.45 часот пријавила во СВР Куманово дека жената околу 16 часот се оддалечила од дома во непознат правец. 

Несреќната жена имала здравствени проблеми и најверојатно се изгубила во градот. Вчера била пронајдена на булеварот Трета МУБ, во близина на ресторанот Рим-Париз, по што била предадена на нејзиното семејство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk