Пронајдена марихуана во дом на кумановец

31.03.2023 11:16 | Оливера Пешевска

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје привеле 18 - годишен кумановец затоа што му пронашле марихуана.

Пронајдена марихуана во дом на кумановец

„При преглед кај него на улицата „Пиринска“ во Куманово била пронајдена марихуана, додека подоцна при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени уште 10 опаковки марихуана и една дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk