Пронајдена стара неексплодирана граната во Драгоманце

02.12.2020 11:32 | KumanovoNews

Пронајдена е стара неексплодирана рачна граната во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане.

Пронајдена стара неексплодирана граната во Драгоманце

- Вчера во 13.20 часот било пријавено дека во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, при ископ, била пронајдена стара неексплодирана рачна граната. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а од екипа на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка, - соопштуваат од МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk