Пронајдени 12 мигранти во ауди, возачот побегнал кога ја видел полицијата

22.06.2023 22:27 | Сузана Николиќ

На автопатот Табановце – Куманово, вчера околу 6 часот полицијата открила возило со мигранти. 

Пронајдени 12 мигранти во ауди, возачот побегнал кога ја видел полицијата

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север забележале дека од патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки излегуваат 12 лица мигранти. 

Откако ги забележал полициските службеници, возачот го напуштил местото. 

Мигрантите биле сместени во прифатно - транзитен центар. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk