Пронајдени 81 мигрант во помошен објект во Ваксинце

26.10.2019 09:00 | KumanovoNews

Осумдесет и еден мигрант од земјите од Блиски Исток пронашла кумановската полиција во помошен објект на жител од липковското село Ваксинце.

Пронајдени 81 мигрант во помошен објект во Ваксинце

Според МВР, утрово во 05.15 часот бил приведен Н.А. (50) од с.Ваксинце, општина Липково. При претрес во објект во негова сопственост во село Ваксинце, извршен од полициски службеници на СВР Куманово во содејство со Единицата за специјални задачи, врз основа на судска наредба и претходни сознанија дека таму има мигранти, пронашле 81 мигранти (од нив 19 се малолетни лица) од земјите од Блискиот Исток.

Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар Табановце.

По документирање на случајот, против Н.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk