Пронајдени малолетниците што побегнаа од дома

18.03.2019 11:18 | KumanovoNews

Пронајдени се двајцата малолетници 14-годишно девојче од Куманово и 15-годишно момче од Велес, кои биле во љубовна врска и побегнале,  затоа што родителите не им дозволиле да живеат заедно.

Пронајдени малолетниците што побегнаа од дома

МВР соопштува дека по преземените мерки и активности во Велес децата се пронајдени и вратени во своите домови.

Како што веќе пишувавме, во саботата вечерта во 22 часот во полициската станица Куманово, Р.Х.(44) пријавил дека неговата 14–годишна ќерка се одалечила од домот, а истиот ден околу 21:30 часот во полициската станица Велес, Т.Ј.(40) пријавил дека околу 19 часот во неговиот дом дошло токму пријавеното девојче од Куманово, кое било во љубовна врска со неговиот 15-годишен син.

Девојчето и предходно повеќе пати доаѓало кај нив, а двете деца му кажале на таткото дека сакаат да живеат заедно.

Тој им рекол дека ќе ги пријави во полиција зашто се малолетници , по што тие излегле од домот и заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk