Пронајдени парите украдени од менувачницата „Дај-Дам„

18.01.2011 18:24 | KumanovoNews

  Како што неофицијално дознава kumanovonews, парите биле пронајдени во куќа во близина на Градската болница.

Пронајдени парите украдени од менувачницата „Дај-Дам„

Кумановската полиција денеска ги пронашла парите што пред четири дена беа украдени во вооружен грабеж од менувачницата „Дај-Дам„, кога беше убиен сопственикот Бранко Петрушевски (62) од Куманово. Како што неофицијално дознава kumanovonews, парите биле пронајдени во куќа во близина на Градската болница. По извршениот претрес од страна на алфите и полицијата, 40 илјади евра биле откриени во една од просториите. Не е познато дали е уапсен и сопственикот на куќата, кој ги криел парите.

За убиството и грабежот на менувачницата досега се притворени Рамиз З. од Куманово и Љ.С. од Черкеско село, и истражен судија им одреди по 30 дена притвор. Рамиз бил откриен и фатен, откако бил пронајден неговиот мобилен телефон пред менувачницата.  Пред полицијата го признал убиството, но несакал да открие каде се парите.  Уште неколку лица биле приведени под сомнение дека се инволвирани во случајот.

Вооружениот грабеж и убиството што викендов ја шокираше кумановската јавност го извршил Рамиз З., кој со неколку куршуми го усмртил сопственикот на менувачницата, а потоа му ја одзел торбата со 40 илјади евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk