Пронајдено безживотно тело во бунар кај „Св.Мина“

29.06.2016 12:22 | KumanovoNews

Безживотно тело во бунар, откриено е предпладнево во боровата шума во близина на црквата “Света Мина“, на излезот од Куманово, кон селото Доброшане.

Пронајдено безживотно тело во бунар кај „Св.Мина“

Според информациите на ОЈО Куманово, сеуште не е утврден идентитетот на починатото лице. Земен е доказен матерјал и траги од крв од местото на настанот, кои се испратени на вештачење.

Неофицијално дознаваме дека телото сеуште не било извадено од бунарот.

Денеска околу пладне, на местота на настанот имаше големо присуство на полицајци, како и возило на противпожарната единица.

Полицијата најавува повеќе информации по завршување на увидот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk