Пронајдено безживотно тело во Студена бара

13.02.2017 16:30 | KumanovoNews

Безживотно тело во реката Пчиња, пронајдено е попладнево во атарот на селото Студена Бара.

Пронајдено безживотно тело во Студена бара

Телото го пронашле мештаните, по што случајот во 15 часот го пријавиле во Кумановската полиција. На лице место се излезени полициско-судски екипи и се работи на расчистување на случајот и идентификација на починатото лице.

Од СВР Куманово најавиа повеќе информации по завршување на увидот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk