Пронајдено оружјето од кое е пукно

24.07.2015 10:04 | KumanovoNews

Обвинителот издаде наредби за обдукција на телото на убиениот и вештачење на оружјето од кое е пукано

Пронајдено оружјето од кое е пукно

 Основното јавно обвинителство Куманово, по извршениот увид на лице место за вчерашната престрелка во која животот го загуби четириесет и петгодишен жител на Куманово, соопшти дека е понајдено оружјето од кое е пукано.

Поради основано сомнение дека делото го сториле две лица тие се лишени од слобода. Кај нив е пронајдено и огненото оружје со кое е сторено убиството.

Надлежниот обвинител издаде наредби за вршење обдукција, за вештачење на оружјето, на видео записи и траги од местото на настанот.

Во престрелката се повредени две лица, на кои им е пружана медицинска помош.

Обвинителството продолжува со расветлување на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk