Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пропадна и последниот обид за продажба на Тутунскиот комбинат Куманово.
Собранието на доверители не ја прифатило единствената понуда на заинтересираната фирма да го купи комбинатот за 1,5 милион евра, поради ниската цена, - пренесува Вест.
„Понудената изнесува 11,7 одсто од вкупната вредност на имотото на комбинатот и поради тоа Собранието на доверители ја одби. Сега ќе се оди на распределба на имотот по што завршува стечајната постапка и стечајот ќе биде затворен. Потоа секој од доверителите самостојно ќе располага со својот имот“, - вели стечајниот управник Зоран Денковски.
Комбинатот се продаваше без почетна цена на три огласи. И покрај тоа што се тврдеше дека има заинтересиран сериозен странски инвеститор, на првите два огласи немало пријавени, додека на третиот аплицирала една домашна фирма.
Вкупната вредност на комбинатот е 13.7 милиони евра, а покрај фабриката тука влегуваат машините, згради, земјиште, резерви на тутун. Најголем доверител е Управата за јавни приходи на која комбинатот и должи околу 80 отсто од вкупната вредност.
Во Кумановскиот монопол имаше околу 800 работници. Фирмата отиде во стечај 2003 година, а потоа во матна приватизација управувачкиот пакет акции ги купи тутунскиот бос Бајруш Сејдиу. Во акцијата „Пепел“ имотот му беше одземен и вратен на акционерите. Тогаш беше отворена нова стечајна постапка, која нaмeсто во Кумановскиот се водеше во Велешкиот суд.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk