Просечната нето плата за август е 41.097 денари

23.10.2024 09:55 | KumanovoNews

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари, што е за 12,9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

 

Просечната нето плата за август е 41.097 денари

Со зголемување на платите во образованието (за 18,9 проценти),  уметност, забава и рекреација (за 18,8 посто) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17,0 %).

Во однос на претходниот месец, јули 2024 година предничат секторите  уметност, забава и рекреација со зголемување од 5.3 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство, со зголемени исплати за 4.2 проценти и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за (3,2%).

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk