Просечната месечна плата во јануари е над 39 илјади денари

21.03.2024 17:50 | KumanovoNews

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесува 39.542 денари, за месец јануари 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Тоа е зголемување од 16,5 проценти во однос на истиот месец минатата 2023 година.

Просечната месечна плата во јануари е над 39 илјади денари

Зголемување на месечните примања има за вработените во јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината и земјоделство, шумарство и рибарство.

Помали плати, пак во однос на претходниот месец примиле вработените во градежништвото, преработувачка индустрија и трговија на големо и мало, како и поправка на моторни возила и мотоцикли.

Нешто поголемо е зголемувањето на бруто личните доходи од 16,8 посто, а според ДЗС таа на национално ниво изнесува 59.392 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk