Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и е повисока за 7,6 % во однос на декември 2024 година.
Државниот завод за статистика за таквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: транспорт и складирање за 13,4 %, земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и образование 9,7 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање за 12,8 %, рударство и вадење на камен за 9,0 % и градежништво за 7,0 %.
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во декември 2025 година изнесувала 70.520 денари.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk