Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите, образование за 14,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и транспорт и складирање за 11,5 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите, преработувачка индустрија за 3,5 отсто, јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување за 1,8 и рударство и вадење на камен за 1,1 отсто.
Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември годинава изнесува 68.392 денари и исто така е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец од минатата година.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите, образование за 15,1 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,8 и транспорт и складирање за 10,6 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите, преработувачка индустрија за 3,6 отсто, јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување за 1,9 и рударство и вадење на камен за еден отсто.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk