Просечниот животен век во нашиот регион е 71 година

03.07.2015 09:32 | KumanovoNews

Луѓето во североисточниот регион во просек живеат по 71.6 години, стои во соопштение на Државниот завод за статистика.

Просечниот животен век во нашиот регион е 71 година

Овие податоци се однесуваат за 2014 година, при што се забележува дека луѓето кои живеат на село имаат малку подолг век. Населението во урбана средина живее 70.1 година, додека луѓето во руралните средини живеат во просек по 73.7 години.

Според статистиките, најдолговечни се луѓето од пелагониско кои во просек живееле по 74.2 години. Во источен, југоисточен, вардарски и југозападен регион просекот е 72 години и неколку месеци, додека во полошко просечниот век е најмал, односно 71.4 години, а  во скопскиот регион е 71.9 години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk