“Просидба“ во Народниот театар

20.02.2014 09:40 | KumanovoNews

 Претставата “Просидба“ од Чехов, во режија на Кети Дончевска Илиќ, актерите на кумановскиот театар  вечер и утревечер ќе ја играат пред учениците од средното училиште “Перо Наков“ и Гимназија “Гоце Делчев“.

“Просидба“ во Народниот театар

Овие два термини се резервирани за средношколците, а од следната недела ќе бидат закажани уште два термини за граѓаните. Се отвара  малата сцена, претставата ќе се игра во фоајето. Во меѓувреме ќе почнат подготовките за детска претстава, а во првата половина на март ќе се подготвува “Мајката храброст и нејзините деца“ по текст на Бертол Брехт - вели Симона Тоскиќ, продуцент и драматург во театар.

Претставата “Просидба“ од А.П.Чехов, во режија на Кети Дончевска Илиќ  е стар проект кој се прикажува на барање на публиката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk