Прослава на Денот на АРМ во касарната “Боро Менков“

15.08.2013 08:46 | KumanovoNews

 По повод 18 август - Денот на АРМ во касарната “Боро Менков“, утре во 10 часот ќе се оддржи пригодна свеченост.

Прослава на Денот на АРМ во касарната “Боро Менков“

По повод 21 година од формирањето на Армијата на Република Македонија пред споменикот на народниот херој Боро Менков, цвеќе ќе положат делегации од АРМ, Општината Куманово и Сојуз на борци Куманово. Ќе има постројување на припадниците на  единиците од гарнизон Куманово и ќе се оддаде почит на загинатите борци и загинатите припадници на АРМ.

На прославата ќе бидат наградени и унапредени најдобрите старешини, а ќе бидат врачени одликувања и награди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk