Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Централната прослава за Денот на пожарникарите годинава ќе се оддржи во Старо Нагоричане, каде ќе биде изведена противпожарна вежба.
Планираме да биде тоа вежба од поширок карактер, да има импровизиран пожар кој ќе биде на отворен простор и ќе се гаси со противпожарни апарати. Ќе има и евакуација од училишна зграда. Тука ќе бидат ангажирани пожарникарите од Куманово и од Старо Нагоричане, а се надеваме дека и од Скопје ќе има екипи од Територијална противпожарна бригада. Тоа ќе биде акција на спасување, гаснење на пожар и ќе импровизираме сообраќајќа кај игралиштето во школото - изјави Часлав Јовановиќ, секретар на Општински противпожарен сојуз.
На настанот ќе учествуваат екипи од Дирекција за заштита и спасување, пожарникари, Брза помош и други.
Со оваа прослава за Денот на пожарникарите во мај ќе се промовира општината и ќе се анимира локалното население.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk