Прослава на Свети Сава во „Вук Караџиќ“

27.01.2016 13:22 | KumanovoNews

Во основното училиште „Вук Караџиќ“ денеска беше организирана пригодна програма за одбележување на празникот Свети Сава.

Прослава на Свети Сава во „Вук Караџиќ“

Учениците читаа творби за ликот и делото на светецот, а беше прикажан и краток филм  за Свети Сава. Активностите беа презентирани пред учениците од основното училиште „Наим Фрашери“, родители и гости.

Организираме скромна приредба во која учествуваат ученици од 1 до 9 одделение, по претходно распишан конкурс на тема „Животот и делото на Свети Сава“. Ликовен и литературен конкурс имавме. Голем број ученици подготвија свои творби коишто беа наградени од управата на училиштето  - рече Надица Петровска, директорка на „Вук Караџиќ„.

За вложениот труд и постигнатите резултати на конкурсот, учениците добија благодарници.

Голем број ученици се одзваа на ликовниот и литературниот конкурс. Имавме голем број ликовни и литературни творби. На нашите наставници им беше тешко да се одлучат кои ученици ќе добијат 1,2,3 место - изјави Тања Петрушевска, професор по македонски јазик.

На приредбата учениците ја слушнаа и химната за Свети Сава. Во ова училиште настава следат околу двесте деца.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk