Прослава за Денот на Албанската азбука

21.11.2014 13:25 | KumanovoNews

По повод 22 ноември - Денот на Албанската азбука, денеска во 16 часот во зградата на Комитет ќе се одржи прослава, организирана од здружението “Недела на албанска култура“.

Прослава за Денот на Албанската азбука

Учество ќе земат ученици од основните, средните албански училишта од градот и од Државниот тетовски универзитет.

 “Имаше конкурс претходно и награди ќе им бидат доделени на учениците за поезија, проза и цртежи. Празникот е утре, но бидејќи е сабота, неработен ден и потешко ќе ги собереме учениците решивме да биде денеска прославата“ - рече Агим Белули, претседател на “Недела на албанска култура“.

И училиштата деновиве со свои активности го прославија Денот на Албанската азбука.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk